Back

ⓘ Најдобрите години од нашиот живот е американски драма филм, режиран од Вилијам Вајлер, во кој глумат Фредрик Марч, Мирна Лој, Дејна Ендрус, Тереза Рајт, Вирџини ..



Најдобрите години од нашиот живот
                                     

ⓘ Најдобрите години од нашиот живот

Најдобрите години од нашиот живот е американски драма филм, режиран од Вилијам Вајлер, во кој глумат Фредрик Марч, Мирна Лој, Дејна Ендрус, Тереза Рајт, Вирџинија Мајо и Харолд Расел. Во филмот се обработува приказната за тројца американски војници кој се обидуваат да си ги средат своите живот по враќањето од Втората светска војна. За продуцирањето на овој филм, Семјуел Голдвин бил инспириран откога прочитал колумна за ветерани објавена во магазинот Тајм на 7 август 1944, во која биле опишани тешкотиите на војниците по нивното враќање од војна и живеење како цивили. Голдвин најмил поранешен воен репортер за да напише сценарио. Неговото дело, најпрво било објавено како новела именувана "Слава за мене". Подоцна, Роберт Шервуд ја адаптирал новелата на сценарио.

"Најдобрите години од нашиот живот" освоил седум оскари во 1946, меѓу кои и оскар за најдобар филм, оскар за најдобар глумец, оскар за најдобар глумец во споредна улога, оскар за најдобра монтажа, оскар за најдобро адаптирано сценарио и оскар за најдобар резултат. Филмот веднаш добил пофални критики и набрзо станал најголемиот комерцијален успех по издавањето. Во САД и Обединетото Кралство, Најдобрите години од нашиот живот станал најпосетениот филм по издавањето на "Однесени од виорот". Во ОК се наоѓа на шестото место на најпосетени филмови на сите времиња со продадени над 20 милиони билети. Како филм меѓу оние со највисока гледаност, при продажбата на билети ја надминал сумата од 20.4 милиони долари.

                                     

1. Надворешни врски

  • Најдобрите години од нашиот живот на "Screen Guild Theater": 24 ноември 1947
  • Најдобрите години од нашиот живот на "Screen Directors Playhouse": 17 април 1949
  • Најдобрите години од нашиот живот на Семрежната филмска база на податоци англиски.
  • Најдобрите години од нашиот живот детална анализа на "Film Site" од Тим Диркс.
  • Најдобрите години од нашиот живот колумна за филмот на "Reel Classics". Вклучува и МП3.
  • Најдобрите години од нашиот живот на филмската база TCM.
  • Најдобрите години од нашиот живот на мрежното место "Golden Years".
  • Најдобрите години од нашиот живот - AllMovie англиски.

ККатегорија:Филмови засновани на романи

Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →