Back

ⓘ Време, живот, филм. Време, живот e македонски игран филм по сценарио на Иван Митевски, а во режија на Русомир Богдановски. Музиката ја компонирал Љупчо Констант ..



                                     

ⓘ Време, живот (филм)

Време, живот e македонски игран филм по сценарио на Иван Митевски, а во режија на Русомир Богдановски. Музиката ја компонирал Љупчо Константинов.

Премиерата била одржана во 1999 година.

                                     

1. Кратка содржина

"Време, живот" е филм кој е преадаптиран од телевизиската серија од три епизоди "Трето доба", снимена во 1986 година. Уште оттогаш замислата била да се премонтира во игран филм и да се префрли на 35-милиметарска филмска лента, но поради материјално-техничките услови, оваа идеја не се остварила тогаш и чекала подобри времиња. Условите за реализација на таа идеја се појавија дури по 13 години од снимањето на серијата. Во овој филм станува збор за животот на старите луѓе во градската средина како што е Скопје, за љубовта во т.н. "трето доба" од животот, прикажана со блага нишка на хумор, и една лирска претпоставеност на карактерите. Протагонистите на оваа филмска приказна се луѓе кои работат на филм - од глумците, преку филмските техничари, па сè до статистите - во текот на снимањето на филм. Животните приказни на овие филмски работници им се испреплетуваат со приказните на ликовите од филмот чие снимање е во тек. Со неколкуте перипетии во кои тие стари, но витални луѓе покажуваат една завидна енергија, инвентивност и желба за живот и љубов, во филмот - полека но сигурно, се кристализираат односите меѓу нив, за на крајот, повеќето од нив да си ги пронајдат своите животни сопатници - и вон и во филмот, заклучувајќи дека во ниедно време од животот не е доцна да се живее со полна сила, и да се ужива во животот што на човека му е даден на располагање. Самиот ефект на изместеното време, онаа патина и оној дух што овој филм го носи со самиот факт дека повеќе од деценија нè дели од првичното снимање на - тогашната серија; потоа, ефектот на мекоцртач што произлегува од "blow-up”-от од 16-милиметарската на 35-милиметарска филмска лента, дава една романтична слика за луѓето и за годините кога добрината и луѓето не беа деградирани во цинизам и користољубие. Филмот така и завршува: секој со по нешто е во добивка: нова љубов, или пак возобновено пријателство. Но, затоа сите - со нов жар и нова енергија, го продолжуваат својот пат низ златната есен на нивните животи.

Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →