Back

ⓘ Економска историја. Оваа статија се однесува на академското поле на истражување. За историски настани погледнете Економска историја на светот, за промени во еко ..



Економска историја
                                     

ⓘ Економска историја

Оваа статија се однесува на академското поле на истражување. За историски настани погледнете Економска историја на светот, за промени во економските идеи погледнете Историја на економските теории.

Економската историја претставува изучување на економијата или економските феномени во минатото. Анализите во економската историја се спроведуваат со употреба на комбинација од историски, статистички методи и теорија на применета економија во историски ситуации и институции. Во темата се вклучени бизнис историја, финансиска историја и делови од областа на општествената историја како историска демографија и историја на трудот. Квантитативната економетриска економска историја е, исто така, поврзан со клиометријата.

                                     

1. Развивање во одделно поле на истражување

Сфаќањето на економската теорија како дисретна академска дисциплина, долги години, претставувало спорно прашање. Академците од "London School of Economics" и "University of Cambridge" имале бројни расправии околу разделбата на економијата и економската историја во текот на повоениот период. Економистите од "University of Cambridge" верувале дека економијата вклучува и компоненти од економската историја и дека двете полиња на истражување биле нераздвојно поврзани. Од друга страна, економистите од лондонската економска школа ЛЕШ верувале дека економската историја има свои цели, истражувачка агенда и академско место, одделно од популарната економија.

Во почетниот период од развојот на темата, економистите од ЛЕШ успеале да ја раздвојат економската историја од економијата. Многу универзитети од ОК развиле независни програми за економската историја вкоренети во моделот на ЛЕШ. Накратко потоа, друштвото за економска историја имало своја инаугурација во 1926 во ЛЕШ и универзитетот во Кембриџ, со тек на времето, воспоставил и свои одделни програми за економска историја. Сепак, последните дваесет години посведочиле за приближувањето на овие две одделни програми во ОК и за обединувањето на дисциплините, без разлика дали при економски или истористи оддел. Само ЛЕШ и универзитетот во Глазгов ги зачувале одделните департмани на економската историја и економијата и биле единствени кои нуделе додипломски и постдипломски студии по економска историја. Најголемиот дел од запишаните економски историчари од британските средни училишта се сконцентрирани во ЛЕШ, Глазгов и Оксфорд.

Во САД, економската историја била долго означувана како дел од применета економија. Како последица на тоа, во САД нема дипломирани економски историчари кои ги завршиле студиите на некој од универзитетите во соединетите држави. Наместо тоа, економската историја се смета за компонента на стандардната економска програма за докторат во некои универзитети меѓу кои "University of California, Berkeley", "Harvard University", "Northwestern University" и "Yale University".

Во текот на последните неколку декади, кај економските историчари, на чело со Даглас Норт, постои тенденција за оддалечување од квантитативните истражувања кон институционалното, општественото и влијанието на историксата култуара врз еволуцијата на економијата. Сепак, овој тренд бил критикуван најмногу од Франческо Болдизони како форма на економски империјализам "кој го шири неокласичниот истражувачки модел сè до царството на општествените односи". Спротивно на тоа, економистите специјализирани во други научни предмети започнале да пишуваат на теми во врска со економската историја.

                                     

2. Однос помеѓу економијата и економската историја

Економистот Ирвинг Фишер од "Yale University" во својата книта "Должничка-дефлациона теорија на големата депресија" од 1933, пишувал и за врската помеѓу економијата и економската историја - "Како единица за истражување можеме да земеме вистински историски настан на голема дерамнотежа, како на пример паниката од 1873; или, пак, како единица за проучување можеме да ја земеме било коа составна тенденција, како на пример дефлација и откривањето на општите закони. Првото е најнапред економска историја; второто е примарно економска наука. И двата вида на истражување се исправни и важни си помагаат меѓусебно. Паниката од 1873 може да биде разбрана само доколку се обелоденат разните вмешани стремежи-дефлација и друго, а, пак, дефлацијата може да биде разбрана само доколку се обелоденат разните историски манифестации - паниката од 1873 и други."

Постои и теоретска школа каде се развива мислата на економските историчари која ја разделува економската историја изучувањето на тоа како економските настани еволвирале во минатото од историската економија тестирањето на севкупноста на економската теорија употребувајќи историска доследност. Американскиот економски историчар Чарлс П. Киндлебергер го објаснил овој процес во неговата книга "Историска економија: Уметност или наука?" од 1990. Со цел да се нагласи оваа диференцијација, едно од професионалните друштва на економски историчари во Европа е наречено "Европско друштво на историска економија"

Новата економска историка, позната и како клиометрија, се однесува на систематската употреба на економскта теорија и/или економетриските техники во изучувањето на економската историја. Терминот клиометрија, за првпат, бил употребен од Џонатан Р. Т. Хјуџис и Стенли Рејтер во 1960 и се однесува на Клио, музата на историјата и херојската поезија во грчката митологија. Клиометричарите тврдат дека нивниот пристап е неопходен бидејќи примената на економијата е од големо значење во пишувањето на солидна економска историја, додека, пак, историчарите во основа се противат на овој начин на гледање кон науката предупредувајќи за генерирање анахронизми. Раниме клиометричари бил еден вид на историчари на контрафакти. Сепак, контрафакторизмот повеќе не е нивна карактеристична особина. Некои тврдат дека деновите од 1960-тите и 1970-тите на клиометричарите се поминати и дека сега се занемарени од страна на економичарите и историчарите.

                                     

3. Економски историчари кои добиле нобелова награда

  • Роберт Фогел и Даглас Норт ја добиле нобеловата награда во 1993 за "обновување на истражувањата во економската историја со примена на економската теорија и квантитативните модели со цел да ја објаснат економијата и институционалната промена".
  • Милтон Фридман ја добил нобеловата награда за економија во 1976 за "достигнувањата во полето на анализа на потрошувачката, монетарната историја и теорија и за неговата демонстрација на комплексноста на стабилизационата политика".
  • Мертон Милер, кој ја започнал својата академска кариера како професор по економска историја на лондонската школа за економија, ја добил нобеловата награда во 1990 заедно со Хари Марковиц и Вилијам Шарп.
                                     

4. Поврзано

  • Економска историја на Европа
  • Антропометрична историја
  • Список на рецесии
  • Европско здружение за банкарство и финансиска историја
  • Големата криза
  • Ценовна револуција
  • Историја на економските теории
  • "Список на региони во минатото според БДП по глава на жител
                                     

5.1. Надворешни врски Журнали

  • Cliometrica: Проблеми & колумни врски, в. 1, 2007–
  • Journal of Economic History: Проблеми & колумни-апстракт, врски, в. 1, 1971–
  • Explorations in Economic History: Проблеми & колумни "врски, в. 7, 1969–
  • Economic History Review: Проблеми & колумни, прва страна врски, в. 1927–
                                     

5.2. Надворешни врски Професионални здруженија

  • "The European Association for Banking and Financial History" e. В., издавател на Financial History Review
  • "Economic History Society UK", издавател на "Преглед на економската историја"
  • "International Economic History Association IEHA"
  • "Economic History Association US", издавател на Journal of Economic History
                                     

5.3. Надворешни врски Историски статистики

  • Historicalstatistics.org - Врски до историски економски статистики за различни држави и региони.
  • Збир на податоци за глобални финансии
  • "Maddison" 2006, Светската економија Economy, "OECD", Париз.
  • "Groningen Growth and Development Centre Total Economy Database" - Серии за БДП, популација, вработенос, работни семејства, БДП по глава на жител и продуктивност од личност за еден саат од 1950 до 2006
                                     

5.4. Надворешни врски Скорешни и идни конференции за економска историја

  • XV "World Economic History Congress 2013"
  • XVI "World Economic History Congress 2012"
  • "Economic History Association Meetings 2012"
  • "Eighth Conference of the European Historical Economics Association"
  • "Economic History Society Annual Conference 2012"
                                     

5.5. Надворешни врски Економско историски услуги

  • Норвешка
  • Кореја
  • Нов Зеланд
  • Хаваи
  • Шведска
  • Малезија
  • Португалија
  • Јапонија
  • EH.Net Енциклопедија
  • Индонезија
  • Хонгконг
  • Уругвај
  • Тајван
  • Израел
  • Австралија
  • EH.Net Економско историски услуги, вклучувајќи и историска енциклопедија, прашај го професорот, преглед на книги, податоци, директориуми, библиографии, списоци на емајли и инфлационен дигитрон.
  • EHE - Економска историја на Европа - за студенти по економска историја, вклучувајќи врски до големи бази на податоци, технолошки описи, примери од употреба на податоци и форум за економски историчари.
Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →