Back

ⓘ Министерство за земјоделство на САД - министерство на САД одговорно за осмислување и извршување на државната политика во полето на земјоделство, сточарство и хр ..



Министерство за земјоделство на САД
                                     

ⓘ Министерство за земјоделство на САД

Министерство за земјоделство на САД - министерство на САД одговорно за осмислување и извршување на државната политика во полето на земјоделство, сточарство и храната. Има за цел да ги задоволи потребите на земјоделците и сточарите, да ја унапредува земјоделската трговија и производство, да држи контрола на безбедноста на храната, да ги штити природните ресурси, да се грижи за руралните заедници и да се бори против неухранетоста и гладот во САД и во странство.

На чело на министерството стои министерот за земјоделство наречен "Секретар за земјоделство", кој е член на кабинетот.

Миинистерството оди потекло од службата за земјоделски работи основана 1862, која добила статус на министерство дури во 1889 г. Денес има 105.778 вработени и годишен буџет од 132.3 милијарди долари.

                                     

1. Одделенија и служби

  • Здружение за стоково кредитирање
  • Служба за управување со ризици
  • Потсекретар за фармерски и странско земјоделство
  • Секретар министер за земјоделство
  • Заменик-секретар заменик-министер за земјоделство
  • Служба за странско земјоделство
  • Федерално здружение за земјоделско осигурување
  • Служба за регулатива и запазување
  • Потсекретар за природни ресурси и животна средина
  • Шумарска служба на САД
  • Служба за заштита на природните ресурси
  • Служба за рурална инфраструктура
  • Потсекретар за рурален развој
  • Рурална деловно-кооперативна служба
  • Служба за рурално домување
  • Потсекретар за храна, исхрана и потрошувачки услуги
  • Центар за политика и застапништво на исхраната
  • Служба за храна и исхрана
  • Инспекторат за безбедност на храната
  • Потсекретар за безбедност на храната
  • Служба за економско истражување
  • Потсекретар за научна работа, образование и економија
  • Служба за заедничка државна научна работа, образование и надоградба
  • Национална земјоделска статистичка служба
  • Служба за земјоделска научна работа
  • Национална земјоделска библиотека
  • Служба за земјоделски пласман
  • Здравствен инспекторат за животни и растенија
  • Управа за инспекција на жито, пакување и складишта
  • Потсекретар за пласман и регулативни програми
Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →