Back

ⓘ Вилијам Крукс роден на 17 јуни 1832 во Лондон, Англија, починал 4 април 1919 во Лондон, Англија. Негово поле на дејствување физика и хемија, познат по откривање ..



Вилијам Крукс
                                     

ⓘ Вилијам Крукс

Вилијам Крукс роден на 17 јуни 1832 во Лондон, Англија, починал 4 април 1919 во Лондон, Англија. Негово поле на дејствување физика и хемија, познат по откривањето на талиумот.

                                     

1. Животопис

Физичарот и хемичарот Вилијам Крукс освен што ги пронашол вакуумските цевки што го носат неговото име, тој извршил уште две други важни откритија. Во 1861г. го открил елементот талиум, а во 1895г. го идентификувал првиот познат примерок хелиум. Како и многу други научници од негово време, Крукс бил познат по својата верба во спиритуализмот. Бил член на Кралското здружение, а прогласен е за витез во 1897г. Во 1875 г. Крукс успеал да направи цевки со подобар вакуум отколку Гајслеровите цевки, а неговата цевка – Круксовата цевка, станала стандардна алатка за испитување на катодните зраци. Крукс открил дека кога ќе ставел тркало со пропелери меѓу електродите, зраците можеле да ги вртат перките. Од ова заклучил дека зраците се струја од честички. Тој експериментирал со празнење на електрични полнења низ гасови при многу ниски притисоци во стаклените цевки. Круксовите цевки покажуваат празнења низ воздухот при различни притисоци. Сер Вилијам Крукс докажал дека катодните зраци постојат, со изработка на првите верзии на цевка со катодни зраци. Без нив, откривањето на икс-зраците би било невозможно.

Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →