Back

ⓘ Сладок живот, филм. Сладок живот е италијански филм од 1960 година, во режија на Федерико Фелини. Сценариото е дело на Фелини, Енио Флајано, Тулио Пинели и Брун ..



                                     

ⓘ Сладок живот (филм)

Сладок живот е италијански филм од 1960 година, во режија на Федерико Фелини. Сценариото е дело на Фелини, Енио Флајано, Тулио Пинели и Брунело Ронди. Главните улоги ги толкуваат: Марчело Мастројани, Анита Екберг и Анук Еме.

Филмот, направен во копродукција на "Riama Film", "Gray-Film" и "Pathé Consortium Cinéma", постигнал солиден комерцијален успех, остварувајќи бруто-приход од 19.5 милиони долари. Во 1962 година, филмот бил добитник на наградата "Оскар" за најдобра костимографија дело на Пјеро Џерарди, а бил номиниран и за најдобра режија, најдобро оригинално сценарио и најдобра уметничка декорација. Една година претходно, филмот бил номиниран за наградите на БАФТА, во категоријата најдобар филм. Во 1960 година, Фелини ја освоил наградата "Златна палма" на филмскиот фестивал во Кан.

                                     

1. Содржина

Марчело Рубини го игра Мастројани е новинар кој е незадоволен од својата работа и од својата девојка Ема ја игра Фурно, која со право е многу љубоморна на него, зашто тој постојано ја изневерува. Филмот започнува така што Марчело ја среќава богатата жена Мадалена ја игра Еме која го кани да прошетаат низ Рим. Тие одат во домот на една проститутка каде водат љубов. Утрото, кога се враќа дома, Марчело ја наоѓа Ема во бесознание, откако се обидела да изврши самоубиство, земајќи отров. Тој ја носи на болница каде успеваат да ѝ го спасат животот.

Кога во Рим доаѓа славната глумица Силвија ја игра Екберг, Марчело успева да ѝ се допадне и тие шетаат низ градот, доцна во ноќта, а нивната прошетка завршува така што Силвија влегува во фонтаната Треви.

Еден ден, Марчело и Ема одат во местото каде две деца ја виделе Богородица. Таму, Ема ја моли Богородица да го натера Марчело да ја сака. Децата си играат со возрасните, покажувајќи им различни насоки во кои ја "гледаат" Богородица, а потоа настанува безредие и посетителите го уништуваат дрвото покрај кое се појавила Богородица.

Другпат, Марчело и Ема одат во станот на интелектуалецот Стајнер, пријател на Марчело, каде Ема се воодушевува на љубовта која Стајнер им ја посветува на своите две деца.

Со цел да се посвети на пишувањето на својот роман, Марчело заминува во едно приморско летувалиште каде ја запознава младата девојка Паола коај ја споредува со ангел.

Една ноќ, во Рим пристигнува татко му на Марчело и двајцата одат во еден бар, каде се опиваат и наоѓаат женско друштво. Кога пристигнува во станот на танчерката Фани, на неговиот татко му се слошува и тој набрзина си заминува дома.

Откако го испраќа својот татко, Марчело ја среќава на улица Нико и со неа заминува на забавата што се одржува во еден замок. Таму ја среќава Мадалена која му кажува дека го сака.

На еден напуштен пат, Марчело и Ема почнуваат остра кавга при што тој ја брка од автомобилот, но подоцна се враќа назад по неа. Утредента, него го буди телефонски повик во кој го известуваат дека Стајнер извршил самоубиство откако претходно си ги убил децата. Марчело оди во станот на Стајнер, а потоа со еден полицаец оди да ја пречека сопругата на Стајнер. Таму, тие се опкружени со голем број папараци кои ја фотографираат неа.

Најпосле, Марчело учествува на една развратна забава, која завршува така што сите учесници на забавата излегуваат на морскиот брег гледајќи ја џиновската раја која се фатила во рибарска мрежа. Таму, Марчело ја здогледува Паола, која се обидува да му каже нешто, но тој не може да ја чуе си заминува со друштвото.

Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →