Back

ⓘ Здравко Рафаиловски. Рафаиловски завршил основно училиште во селото Маврови Анови, додека со средно образование се стекнал во Градежниот училиштен центар во Ско ..



Здравко Рафаиловски
                                     

ⓘ Здравко Рафаиловски

Рафаиловски завршил основно училиште во селото Маврови Анови, додека со средно образование се стекнал во Градежниот училиштен центар во Скопје. Во 1975 година дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје на тема "Собрание на град Гостивар" под менторство на професорот Борис Чипан.

По дипломирањето се вработил во оперативата на Г.П. "Гранит" во Неготино. Истата година преминал во проектантската организација "Мавровопроект" на Г.П. "Маврово" од Скопје. Од 2004 година продолжил да работи во истата организација под новото име "Прима инженеринг" ДОО.

Во "Мавровопроект" работел со тамошните реномирани и искусни архитекти, од кои можел да учи како се проникнува во тајните на проектирањето. Таму се стекнал со солидна подлога, работејќи од проектант соработник до главен проектант, оспособен да ја преземе водечката ролја во творечкиот процес и организацијата. Неговото творештво е богато и разновидно. Покрај бројните проекти реализирани во Македонија, се јавува како проектант на значајни објекти и надвор од нашата земја. Проектирал објекти во Сурдулица СР Југославија, Мисрата Либија и Сочи Русија.

Покрај плодната проектантска активност од 1994 година, како технички директор раководел и со изработката на техничката документација на сите нивои на проектирањето.

                                     

1. Конкурси

  • 1977 г. - Спомен-дом во Шавник, Црна Гора откуп
  • 1992 г. - Деловен објект Алумина во Скопје откуп
  • 1983 г. - Станбени објекти во Влае откуп, работа во тим
  • 1981 г. - Станбени објекти во Ново Лисиче
  • 1993 г. - Соборна црква во Струмица работа во тим
  • 1984 г. - Станбен објект во Ресен втора награда
                                     

2. Проекти и реализирани објекти

  • 2016 г. - Станбено деловен објект "АА2" ул. "Корушка", Скопје со А. Рафаиловска
  • 1979 г. - Клуб на пензионери, Драчево во Скопје
  • 1985-90 г. - Деловно-трговски центар "Мавровка", Скопје со Д. Петкова-Костиќ
  • 1992-94 г. - Деловно-трговски центар "Шехерезада", Битола
  • 1977-78 г. - Станбени објекти К2, К3 и К4 во Аеродром, Скопје со Д. Петкова-Костиќ
  • 1979-82 г. - Станбено деловен комплекс "Карпош 4", Скопје со Д. Петкова-Костиќ
  • 2004 г. - Објект за дестилација на природни плодови "Импулс", Скопје со Б. Рафаиловски
  • 1978-80 г. - Станбени објекти КП1, КП2 и КП3, Крива Паланка со Д. Петкова-Костиќ
  • 1976 г. - Салон за чевли "Газела", Мостар, Босна и Херцеговина
  • 1984 г. - Народна библиотека, Сурдулица, Србија со Б. Мандичевски
  • 1978 г. - Управна зграда "Механизација" на ГП "Маврово", Скопје
  • 1978 г. - Станбени објекти С1, С2 и С3 во Струмица со Д. Петкова-Костиќ
  • 1979 г. - Станбен објект Б-13 ул. "Џон Кенеди", Скопје со Д. Петкова-Костиќ
  • 1989 г. - Управна зграда "Маврово", Сочи, Русија
  • 1992 г. - Снек-бар "ИМ Фонтана" во Деловно-трговски центар "Мавровка", Скопје
  • 2000 г. - Деловен простор "Тријас", Скопје
  • 2008 г. - Станбен објект "Импулс" ул. "Орце Николов", Скопје со Б. Рафаиловски
  • 1981-83 г. - Школски објекти во Мисрата, Либија
  • 1978 г. - Станбен објект П+2, санација, Бар, Црна Гора
  • 1983 г. - Станбени објекти во СУ1 и СУ2, Сурдулица, Србија со Д. Петкова-Костиќ
  • 2003 г. - Станбен објект "Импулс" ул. "Теодосиј Гологанов", Скопје со Б. Рафаиловски
  • 1981-83 г. - Станбени објекти во Ново Лисиче, Скопје со Д. Петкова - Костиќ и М. Митровиќ
                                     

3. Награди и признанија

За своите дострели во полето на анонимните архитектонски конкурси и архитектонското проектирање добил повеќе признанија, пофалници и благодарници, како и:

  • 1982 г. - Благодарница од ГРО" Маврово" за повеќегодишно успешно работење
  • 1981 г. - Прва награда на конкурс за станбениот комплекс А3-1, н. Ново Лисиче, Скопје
  • 1993 г. - Гран при на БИМАС за Деловно трговски центар" Мавровка", Скопје
  • 1984 г. - Втора награда на конкурс за станбен објект, Ресен
                                     

4. Наводи

Користена литература

  • А:Списание за култура на просторот бр. 3, 1992 г.
  • Скопските вертикали, Ј. Ивановски, А. Ивановска, В. Десков
  • Findings: Macedonian Pavilion, 14th International Architecture Exhibition - La biennale di Venezia 2014, J. Ivanovski, A. Ivanovska, V. Deskov, B. Karanakov, O. Marina, G. Mickovski, A. Radevski
  • БИМАС 1983;1985;1987;1989;1991;1993;2000 и 2018
  • МАРХ
                                     

5. Надворешни врски

  • Архитект Здравко Рафаиловски, ТЦ Шехерезада, Битола Бабам Битола
  • Архитект Здравко Рафаиловски, Соборна црква, Струмица МАРХ
  • Архитект Здравко Рафаиловски, ТЦ Мавровка, Скопје фото галерија на фото галерија на МАРХ
  • Архитект Здравко Рафаиловски, ТЦ Мавровка, Скопје МАРХ
  • Архитект Здравко Рафаиловски, ТЦ Шехерезада, Битола МАРХ
Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →