Back

ⓘ Човек. Кончести Човек е вид на животно кое систематски е познато како Homo sapiens, и е единствениот преживеан член на родот Homo од двоножните примати во Homin ..



                                               

Нулта хипотеза

Постапката започнува со одредување на дадена вредност на параметарот на распоредот на веројатноста на основната маса. Такви параметри најчесто се аритметичката средина на масата µ или М, варијансата ∂2 или пропорцијата на масата P. Следен чекор е утврдување на две специфични тврдења претпоставки кои се однесуваат на проучуваните параметри – нултата и алтернативната хипотеза, кои се меѓусебно дисјунктни и сеопфатни. Нултата хипотеза H 0 е тврдење за вредноста на параметарот на дадена популација, којшто со тестирањето сакаме да го оспориме. H 0 се користи во две големи области: тестирање на ...

                                               

Карикатурален портрет на Тула Ларсен

Карикатурален портрет на Тула Ларсен - слика од Едвард Мунк. Сликата е од 1905 година, на која се претставени Мунк и Тула Ларсен, била пресечена на половина од Мунк, откако бил застрелан во левата рака по кавга во спалната соба. Сликата е портрет на самиот уметник и неговата свршеница Тула Ларсен. Кога нивната врска завршила со горчина, Мунк го исекол нивниот портрет во два дела. Во каталогот на Герд Вол од 2008 година, таа е каталогизирана како две слики со броеви 645, односно 646. Мунк и Тула Ларсен се запознале во Берлин во 1899 година и започнале бурна врска. Либералната дама од повисо ...

                                               

Биосферен резерват на Албанија

Биосферните резервати на Организацијата на Обединетите нации се многу значајни институции со меѓународен статус како што е опишано во установниот систем на Светската мрежа на резерви на биосфера во рамките на програмата "Човек и биосфера". Резервите на биосферата го претставуваат и поддржуваат развојот за зачувување на биолошката и културната разновидност. Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа кој го делат со Северна Македонија е единствениот резерват на биосфера во Албанија. Пуштен е во употреба во 2014 година. Резерватот зафаќа територија од 446.244.52 хектари и има разновидни ...

                                               

Операција одржлив човек

Операција одржлив човек ― книга од Крис Мекдоналд во 2019 година за оптимизиранo дејствие за климата. Книгата накратко ги опишува главните предизвици на климатските промени и во голема мера се насочува на највлијателните климатски решенија.

                                               

Златното магаре

Романот се состои од 11 книги: 4. книга: Во планинското засолниште Луциј ги слуша доживувањата наразбојниците. Во пештерата пристигнува една богата девојка, која ја грабнале разбојниците за време на нејзината свадба. Девојката тагува над својата несреќа, а старицата која се грижи за разбојниците ѝ ја раскажува приказната за Психа и Купидон: Психа била толку убава, што ја обожавале сите луѓе, а поради тоа го предизвикала гневот на божицата Венера. Таа го испратила својот син Купидон со задача да ја натера Психа да се вљуби во најнедостојниот човек. 6. книга: Старицата ја продолжува приказна ...

                                               

Куќарката во Коломна

"Куќарката во Коломна" - поема на рускиот поет Александар Пушкин, напишана во 1830 година за време на познатата "Болдинска есен".

                                               

Полтава (Пушкин)

"Полтава" - поема на рускиот поет Александар Пушкин, напишана во 1828 година. Таа е инспирирана од Полтавската битка која се случила на 27 јуни 1809 година. Пушкин ѝ ја посветил поемата на Марија Волконска, ќерката на генералот Раевски. Првобитно, поемата била насловена "Мазепа", но Пушкин во последен момент го променил насловот во "Полтава".

                                               

Георги Сучев

Георги Димитров Лазаров Сучев, Струмјани, Пиринска Македонија - 23 март 1948во Белица, Струмјани, Пиринска Македонија) - припадник на македонското национално движење, револуционер и борец за македонската национална кауза во Бугарија.

                                               

2001: Вселенска одисеја (роман)

"2001: Вселенска одисеја" - научнофантастичен роман на британскиот писател Артур Кларк, објавен во 1968 година. Романот бил напишан во текот на снимањето на филмот истоимениот филм во режија на Стенли Кјубрик, а бил објавен по филмот.

                                               

Пајакот Лукас

Пајакот Лукас ― анимиран лик создаден од аниматорот Џошуа Слајс, именуван според и даден глас од неговиот внук. Лукас се заснова на скокачки пајак и бил главен лик во повеќе кратки видеа на Youtube. Лукас добил многу позитивен прием за неговата нежна и срдечна природа. Првото видео на Пајакот Лукас било поставено на 5 ноември 2017 година. Fresh TV ги стекнал правата на Пајакот Лукас и започнал со производство на кратки видеа на YouTube со планот да создаде долгообразна серија со помош на ликот. Во 2018 година, плишанка од Пајакот Лукас била пуштена на продажба на Интернет. Во декември 2018 ...

Човек
                                     

ⓘ Човек

Кончести

Човек е вид на животно кое систематски е познато како Homo sapiens, и е единствениот преживеан член на родот Homo од двоножните примати во Hominidae, фамилијата на големи човеколики мајмуни. Сепак, во некои случаи, зборот "човек" се користи за означување на било кој член од родот Homo.

                                     

1. Особености

Луѓето имаат високо развиен мозок, способен за апстрактно мислење, јазик, интроспекција и решавање на проблеми. Овој умствен капацитет, заедно со исправениот став на телото кој ги ослободува рацете за раководење со предмети, им дозволил на луѓето многу поголема корист од алати во споредба со било кој друг вид. Доказите основани врз митохондријална ДНК и врз фосили покажуваат дека современите луѓе потекнуваат од Африка од пред околу 200.000 години. Луѓето се космополитски вид, раширен на сите континенти на планетата, освен на Антарктикот. Од мај 2010, светската популација на луѓето се проценува дека изнесува околу 6.8 милијарди. Во просек, човекот може да доживее 70-80 години, иако се забележуваат и случаи на старост поголема од 100 години. Најстариот човек за кого постојат веродостојни докази со лична карта на којашто пишува дека е роден во 1870 година е Мба Гото од Индонезија, кој во 2016 година го прославил својот 146. роднеден.

Како и повеќето вистински мајмуни, луѓето се социјални суштества. Сепак, луѓето се уникатно прилагодени кон користење на системи за комуникација за самоизразување, размена на идеи и организација. Луѓето создаваат сложени општествени структури составени од многу соработувачки и натпреварувачки групи, од семејства до нации. Социјалната интеракција меѓу луѓето создала голем број на вредности, општествени норми и ритули кои заедно ја создаваат основата на човечкото општество.

Луѓето имаат изразена желба да ја разберат и да влијаат врз нивната околина и сакаат да ги објаснат и да раководат со природните појави преку наука, филозофија, митологија и религија. Оваа природна љубопитност довела до развивање на напредни алатки и вештини кои културолошки се пренесуваат низ генерациите; човекот е единствениот познат животински вид кој создава огнови, ја готви својата храна, се облекува себеси и користи многубројни други технологии.

                                     

2. Настанок на човекот

Има две различни гледишта за настанокот на човекот. Првото гледиште е засновано врз религиозните учења и е различно во секоја религија. На пример, Сумерите верувале дека боговите ги создале првите луѓе од глина, според нивниот лик. Вавилонците верувале дека човекот бил создаден од глина и крв. Хелените, пак, мислеле дека првиот човек бил направен од земја, и дека една божица му дала животен здив. Според христијанските учења, човекот го создал Господ, кој заповедал човекот да биде господар на целата земја и на живиот свет. Според исламските учења, Алах го создал првиот човек од земја, а потоа му вдишал душа. Второто гледиште го дава науката. Според научните истражувања, човекот се развил постепено, од еден вид човеколик мајмун. Најстариот предок на човекот го викаме прачовек. Тој најпрвин се појавил во Источна Африка. По својот изглед, многу се разликувал од денешните луѓе. Бил наведнат, обраснат со коса, а главата му била помала. За да може да опстане во природата и да преживее, човекот морал да размислува, односно да го употреби својот разум. На тој начин човекот се одделил од животните. За да го дофати плодот од гранките, човекот се поткревал на прсти и го издолжувал телото. Така човекот се извишувал и растел. Првите луѓе не умееле да зборуваат и се разбирале меѓу себе со извици, со мимики и со други знаци.

                                     

3. Начин на живеење

Во почетокот, првобитниот човек живеел во пештери. Тој се хранел со животните што ги ловел, како и со плодови и корења од растенијата што ги наоѓал во природата. Најважно орудие и оружје му бил каменот. Затоа овој период се вика камено време. Тоа се дели на старо и младо камено време. Првобитниот човек почнал да работи со орудијата што ги правел сам од дрво, од камен и од коски. Така станал многу посилен. Помалку се плашел од дивите животни и полесно доаѓал до храна. Неговите орудија станувале сè поусовршени и поразновидни. Собирајќи плодови од дрвјата, започнал повеќе да се исправа и да се движи на задните нозе. Во исто време, започнал и да говори. Говорот станал многу значаен за разбирањето меѓу луѓето. Затоа имал голема улога во натамошниот развој на човекот. На тој начин човекот започнал сè повеќе да се разликува од животните. Тоа траело многу долго, стотици илјади години.

Првобитниот човек долго време се плашел од огнот што го среќавал во природата при удари на гром, и бегал од него. Со време сфатил дека огнот грее, свети и дека од него бегаат дивите животни. Затоа почнал да го чува и да го одржува. Подоцна научил сам да пали оган – со триење суви дрва или со искри од камен. Употребата на огнот во животот на човекот претставувала големо откритие. Огнот овозможил луѓето да преживуваат и на постудените места, да го печат месото и да ја варат растителната храна која станала повкусна и поразновидна. Подоцна, луѓето научиле на огнот да печат садови од глина, да топат руди и да леат метални орудија и оружје. Пред околу милион години, првите луѓе започнале пешки да преминуваат од Африка во Азија и Европа. Така се ширеле луѓето по земјата. Поради тоа што живееле во различни климатски и географски услови, постепено се менувале и нивните физички одлики и изгледот: добивале темна или светла боја на кожата, темна или светла коса и слично.



                                     

4. Животот на луѓето во камено време

Каменот бил најважно орудие и оружје на првобитниот човек. Затоа најстариот период се вика камено време. Тоа се дели на старо и младо камено време. Во старото камено време, човекот го употребувал каменот така како што го наоѓал во природата, или пак го дотерувал и грубо го обликувал со кршење. Во младото камено време, човекот го обработувал каменот и му давал разни облици според своите потреби. Од каменот изработувал ножеви и секири. Ги користел и коските од животните, и од нив правел шила, игли и украси.

                                     

4.1. Животот на луѓето во камено време Човекови заедници

Првите луѓе живееле и се движеле во групи, наречени орди. Така се чувствувале посигурни за опстанок и одбрана од нападите на животните и другите луѓе. Се смета дека првите заедници се состоеле од 15 до 20 луѓе. Нивен водач бил најсилниот маж во групата. Подоцна, кога го направил лакот и стрелата, човекот станал ловец. Во младото камено време луѓето почнале да се занимаваат со примитивно земјоделство и сточарство. Започнале да ги припитомуваат и да ги одгледуваат животните. Од нив добивале месо, млеко, кожа и волна. Така од ловци станале сточари. Луѓето од младото камено време знаеле да изработуваат садови од печена глина. Ваквите предмети се викаат грнчарија или керамика. Првите земјоделци и сточари граделе постојани живеалишта на земја и на вода наколни живеалишта. Во младото камено време граделе и примитивни куќи од гранки и кал. Во младото камено време луѓето живееле во заедници, во кои биле крвно поврзани – биле роднини. Таквата заедница се вика род. Целиот род водел потекло од една заедничка прамајка. Неколку родови сочинувале братство, а неколку братства сочинувале племе. На чело на овие заедници стоеле старешини. Тоа уредување се вика родовско уредување. Сите членови на заедницата биле еднакви и сè што произведувале било заедничко.

Жената имала многу важна улога во родовската заедница. Таа се грижела за децата, за куќата, подготвувала храна, изработувала облека и друго.

Мажите го одгледувале добитокот и оделе на лов. Ваквите човечки заедници, во кои жената имала водечка улога, се викаат матријархат.

                                     

5. Животот на луѓето во метално време

Додека трагал по камен за обработка, човекот ги запознал рудите и научил од нив да добива метали. Така започнала епохата на металното време. Најпрвин бил пронајден бакарот. Орудијата и оружјето почнале да се изработуваат од бакар. Но, тој бил многу мек, па орудијата изработени од него лесно се виткале. Кога го пронашол калајот, човекот почнал да го меша со бакар и добил нов метал – бронза. Орудието и оружјето од бронза биле поцврсти и потрајни. Потоа, човекот пронашол нов метал – железото, кое било поцврсто и од бронзата.

                                     

5.1. Животот на луѓето во метално време Земјоделство, занаетчиство и размена

Откако биле усовршени орудијата, а посебно ралото и железниот плуг што го влечеле животни, се орало подлабоко, а земјата давала повеќе жито и повеќе плодови. Така, земјоделството и сточарството станале главни занимања на луѓето. Животот на луѓето станал многу полесен и побезбеден. Во исто време се развило и занаетчиството. Занаетчиите почнале да произведуваат разни алатки, како секири, мотики, копја и други потребни орудија. Своите производи започнале да ги разменуваат за земјоделски и сточарски производи, на пример: копје за жито, овца за жито и слично. Размената се вршела производ за производи.

                                     

5.2. Животот на луѓето во метално време Појава на државата

Мошне рано, човекот почувствувал потреба да се организира и да го уреди своето живеење. Тој сфатил дека заедницата, ако е организирана, полесно може да преживее, да се бори против природните непогоди, да се одбрани од непријателите и да ја менува природата според своите потреби. Со текот на времето, родовските заедници се распаднале на помали семејства, кои се обединувале во нови заедници – општини. Во нив луѓето биле соседи и не биле крвно поврзани. Најголеми заедници и понатаму останале племињата.

Старешините на племињата ја задржувале за себе најдобрата земја, а земале најмногу и од воениот плен. Тие им давале подобра земја и поголем плен на своите роднини и придружници. Тоа им овозможувало на старешините и на нивните придружници да имаат повеќе земја, добиток, орудија и оружје од другите членови на племето. Така настанала поделба меѓу луѓето на побогати и посиромашни.

Племенските водачи со своите дружини почнале да водат војни и да освојуваат нови територии. Така стекнувале богатства, но и заробеници, кои ги употребувале како робови за работа. На освоените територии тие почнале да поставуваат управители, судии, свештеници и службеници. Така, постепено, на одредена територија била создадена уште поголема организирана заедница, наречена држава. Начело на државата стоел владетел. Првите држави биле создадени во четвртиот милениум пред н.е., во долините на големите реки во Египет, Месопотамија, Индија и Кина.



                                     

6. Верувањето и толкувањето на природните појави

Луѓето во праисторијата не можеле да си ги објаснат појавите во природата: громот, молњата, дождот, снегот, годишните времиња, болеста, денот и ноќта, сонцето и други. Тие се плашеле од овие појави и создале свои објаснувања за нив. Верувале дека природните појави ги предизвикуваат натприродни и невидливи сили. Тие невидливи сили ги замислувале како духови. Верувале дека има добри и лоши духови, дека добрите духови им помагаат на луѓето ги штитат од лошите духови. За некои од нив изработувале статуи од глина. Кога имал потреба, човекот им се обраќал на духовите ги молел да исполнат некоја негова желба, на пример: да заврне дожд, да огрее сонце, да биде родна годината. Луѓето во праисторијата, а и подоцна, најмногу ги обожавале сонцето, земјата и водата.

                                     

6.1. Верувањето и толкувањето на природните појави Тотеми и многубоштво

Праисториските луѓе верувале дека водат потекло од некое животно, и дека нивниот живот и опстанок зависи од него. Таквото верување се нарекува тотемизам, според зборот тотем, кој значи предок- зачетник на родот или на племето. Додека работеле на земјата, земјоделците сфатиле дека нејзината обработка и плодноста зависат од природните појави – особено од сонцето и дождот, кои најмногу придонесувале за добар род на посевите. Затоа на тие појави им придавале натприродни својства и почнале да ги сметаат за божества. Нашите далечни предци најмногу ја почитувале божицата-мајка, која ја сметале за прародителка на живиот свет на земјата. Луѓето во праисторијата, а и подоцна, се плашеле од боговите, ги почитувале и им принесувале подароци за да им помагаат во неволја.

                                     

7. Материјални остатоци

Праисториските луѓе создавале претстави за светот што ги опкружувал преку цртежи. Тие цртале на ѕидовите од пештерите во кои живееле. Оружјето и орудијата ги украсувале со цртежи. Ловците најчесто ги цртале дивите животни што ги ловеле, како бизони, мечки, мамути, коњи и елени. Такви цртежи се најдени во многу пештери во Европа. Праисториските луѓе изработувале разни статуи на животни, богови и луѓе од глина и од коски.

                                     

8. Филозофски сфаќања за човекот

Според Ерих Фром, во капиталистичкото општество, човекот е претворен во производ, тој ја доживува својата животна енергија како инвестиција која мора да донесе најголема можна добивка, земајќи ги предвид неговата положба и состојба на пазарот на персоналноста. Неговата основна цел е корисната размена на неговите вештини и знаења, на самиот себе, на својот "пакет на личноста" со другите кои се, исто така, подготвени за чесна и корисна размена. Во тие услови, човечкиот живот нема никаква друга цел, освен да се движи, никаков принцип, освен принципот на чесната размена и никакво задоволство, освен еден - потрошувачката.

                                     

9.1. Човекот како тема во уметноста и во популарната култура Човекот како тема во книжевноста

Според италијанскиот поет Џакомо Леопарди, единствената титула која му доликува и со која може да се гордее човекот е титулата човек, а неа може да ја носи само оној која ја заслужува, а тоа е вистинскиот и природен човек. Во таа смисла, треба да се гордееме со името човек, зашто тој е главното дело на природата.

Човекот се јавува како мотив во бројни книжевни дела, како:

  • "Да умреш од смеа" - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.
  • "Ех, ми недостасуваат луѓето" - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.
  • "Чоек на чоека му е. чоек" - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.
  • "Жал ми е за човекот" Žao mi je čoveka - песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ.
  • "Семеен човек" - расказ на рускиот писател Михаил Шолохов од 1925 година.
  • "Песна за човекот" - песна на Никола Јонков Вапцаров.
  • "Роден" - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.
  • "Човек не се лепи" - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2015 година.
  • "Луѓето влегуваа" - песна на македонската поетеса Николина Андова од 2013 година.
  • "Човекот кој беше Четврток: Кошмар" - новела на Г. К. Честертон од 1908 година.
  • "Железниот човек" Гвозден човјек - српска народна приказна.
  • "Човекот во пижама" - кус расказ на италијанскиот писател Еуџенио Монтале.
  • "Тешко е во овој свет чоек да останиш" - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.
  • "Песната на човекот и жената во предвечерието" Pjesma čovjeka i žene u predvečerje - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.
  • "Утопија на еден човек што е уморен" - расказ на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес од 1975 година.
  • "Човек без душа" - драма на шведскиот писател Пер Лагерквист од 1936 година.
  • "Црниот човек" - песна на рускиот поет Сергеј Есенин од 1925 година.
  • "Куќата на големиот човек" - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.
  • "Песна на човекот без работа" Pjesma čovjeka bez posla - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.
  • "Химна на човекот" - книга на индискиот писател Рабиндранат Тагоре.
  • "Човекот и ѕверот" - расказ на кинескиот писател Мо Јен.
  • "Невидливиот човек" - драма на шведскиот писател Пер Лагерквист од 1923 година.
  • "Колку треба за голем чоек да се" - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.
  • "Човекот и реката" - песна на македонскиот поет Анте Поповски.
  • "Човекот на прагот" - расказ на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.
  • "Песна на мртвиот човек" Pjesma mrtvom čovjeku - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.
  • "Човекот и чизмите" - кус расказ на ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс.
  • "Невидливиот човек" - роман на англискиот писател Херберт Џорџ Велс.
  • "Човечиња на Наташа" - кус расказ на македонскиот писател Дејан Мирчески од 2012 година.
  • "Чоек без љубов, љубов моја е како јас без тебе" - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.
  • "Паѓање Или за вертикалните и хоризонталните елементи во животот на современиот човек" - песна на полскиот поет Тадеуш Ружевич од 1963 година.
  • "Злобната жена" Зла жена - српска народна приказна.
  • "Човекот и змијата" Чоек и змија - српска народна приказна.
  • "Прилог кон статистиката" - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.
  • "Убав чоек до себе да имаш" - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.
  • "Двајца" - расказ на бугарската писателка Елена Алексиева.
  • "Многу супер човек" - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.
  • "Луѓе" - новела на шведскиот писател Пер Лагерквист од 1912 година.
  • "Последниот човек" - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.
  • "Еден човек и една жена наполно бели" - песна на францускиот писател Андре Бретон.
  • "Жив" - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.
  • "Луѓе, птици и сеништа: Збирка раскази" - книга на македонската писателка Жанета Станоевска, од 2011 година.
  • "Сатирот и човекот" - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.
  • "Фрлени луѓе" - кус расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска.
  • "Срдечниот човек" - расказ на бразилскиот писател Антонио Каладо.
  • "Човекот и ехото" The Man and the Echo - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.
  • "Некакви луѓе" - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.
  • "Човек" - песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ.
  • "Расипаниот човек и дервишот" - суфиска приказна.
  • "Луѓе" - кус расказ на македонската писателка Румена Бужаровска.
  • "Шупливи луѓе" Hollow Men - поетска збирка на британскиот поет Т.С. Елиот од 1925 година.
  • "Жив чоек не се закопува" - песна на македонската поетеса Ана Бунтеска од 2016 година.


                                     

9.2. Човекот како тема во уметноста и во популарната култура Човекот како тема во популарната музика

  • "Тешки луѓе" Them Heavy People - песна на англиската поп-пејачка Кејт Буш Kate Bush од 1978 година.
  • "Светли среќни луѓе" Shiny Happy People - песна на американската рок-група "Р. Е. М." R.E.M. од 1991 година.
  • "Човек-јајце" англиски: Egg Man - песна на американската хип-хоп група "Бисти бојс" Beastie Boys од 1989 година.
  • "Луѓето се чудни" People are Strange - песна на американската рок-група "Дорс" The Doors од 1967 година.
  • "Човек" Human - песна на британскиот пејач Рег ен Боун Мен RagnBone Man од 2016 година.
  • "Паметните, книшки луѓе" Pametni, knjiški ljudi - песна на хрватската рок-група "Азра" од 1981 година.
  • "Луѓе со добра судбина" англиски: Men of Good Fortune - песна на американскиот рок-музичар Лу Рид од 1973 година.
  • "Човечко однесување" Human Behaviour - песна на исландската поп-музичарка Бјорк Björk од 1993 година.
  • "Не се големи луѓе" Not Great Men - песна на британската рок-група "Генг оф фор" Gang Of Four од 1979 година.
  • "Човек-мајмун" Monkey Man - песна на англиската рок-група "Спешлс" The Specials.
  • "Човек без име и презиме" песна на македонската рок-група "Архангел" од 1993 година.
  • "Човекот кој го продаде светот" The Man Who Sold The World - песна од истоимениот албум на британскиот рок-музичар Дејвид Боуви David Bowie од 1970 година.
  • "Човек" - песна на југословенската рок-група "Шарло Акробата" од 1981 година.
  • "Човек-лубеница" Watermelon Man - песна на американскиот џез-музичар Херби Хенкок Herbie Hancock од 1973 година.
  • "Метален човек" Metal Man - песна на американската рок-група "Бридерс" The Breeders од 1990 година.
  • "Човек од бои" Man Of Colours - песна од истоимениот албум на австралиската поп-група "Ајсхаус" Icehouse од 1987 година.
  • "Примитивен човек" Primitive Man - албум на австралиската поп-група "Ајсхаус" Icehouse од 1982 година.
  • "Параноичен човек во евтина посрана соба" Paranoia Man In Cheap Shit Room - песна на британската рок-група "Фол" од 1993 година.
  • "Лигата на ќелавите луѓе" The League Of Bald-Headed Men - песна на британската рок-група "Фол" The Fall од 1993 година.
  • "Човечки отпад" англиски: Human Garbage - песна на британската хард-кор група "Напалм дет" Napalm Death од 1987 година.
  • "Човек" Human - песна на британската поп-група "Хјуман лиг" Human League од 1986 година.
  • "Балада за тенкиот човек" Ballad of a Thin Man - песна на американскиот рок-музичар Боб Дилан од 1965 година.
  • "Автоматски човек" Automatic Man - песна на американската хард-кор група "Бед релиџн" Bad Religion од 1989 година.
  • "Човек-машина" The Man Machine - песна од истоимениот музички албум на германската група "Крафтверк" Kraftwerk од 1978 година.
  • "Луѓе-мачки" Cat people - песна на британскиот рок-музичар Дејвид Боуви од 1983 година.
  • "Невидлив човек" англиски: Invisible Man - песна на американската рок група "Бридерс" The Breeders од 1993 година.
  • "Дебел човек" англиски: Fat Man - песна на британската рок-група "Џетро тал" Jethro Tull од 1969 година.
  • "Среќен човек" Happy Man - песна на американската поп-група "Шик" Chic од 1978 година.
  • "Мал човек, голема уста" Small man, big mouth - песна на американската хард-кор група "Мајнор Трет" Minor Threat.
  • "Човек-мајмун" англиски: Monkey Man - песна на британската рок-група "Ролинг Стоунс" The Rolling Stones од 1969 година.
  • "Супер-луѓе" The Supermen - песна на британскиот рок-музичар Дејвид Боуви David Bowie од 1970 година.
  • "Човек" Human - песна на американската поп-пејачка Кристина Пери Christina Perri од 2014 година.
  • "Беден човек" A Man of Misery - песна на американската рок-група "Лонг рајдерс" The Long Ryders од 1987 година.
  • "Луѓето се луѓе" People are people - песна на британската поп-група "Депеш Мод" Depeche Mode од 1984 година.
  • "Лошиот човек" The Bogus Man - песна на британската рок-група "Рокси мјузик" Roxy Music од 1973 година.
  • "Железен човек" Iron Man - песна на британската хард-рок група "Блек сабат" Black Sabbath од 1970 година.
  • "Планински човек" Mountain Man - песна на американската рок-група "Дајносор" Dinosaur од 1985 година.
  • "Славата на човекот" англиски: The Glory Of Man - песна на американската рок-група "Минитмен" Minutemen од 1984 година.
  • "Човекот со хармоника" L’uoma Dell’armonica - композиција на италијанскиот композитор Енио Мориконе Ennio Morricone.
  • "Овој шармантен човек" This charming man - песна на англиската рок-група "Смитс" The Smiths.
  • "Човек од еден инч" One Inch Man - песна на американската рок-група Kyuss од 1995 година.
  • "Неподвижни, темни, завидливи луѓе" - песна на американската соул-група "ОЏејс" The OJays од 1972 година.
  • "Човекот со рендгенски очи" The Man with the X-Ray Eyes - песна на британската рок-група "Баухаус" од 1981 година.
  • "Мамурни луѓе" српски: Мамурни људи - песна на македонската рок-група "Леб и сол" од 1987 година.
  • "Секојдневни луѓе" Everyday People - песна на американската група "Слај енд д фемили Стоун" Sly & The Family Stone од 1968 година.
  • "Мал човек" Mali čovek - песна на југословенската рок-група "Шарло Акробата" од 1981 година.
                                     

9.3. Човекот како тема во уметноста и во популарната култура Човекот како тема во филмот

  • "Човекот-слон" англиски: The Elephant Man - американско-британски филм од 1980 година, во режија на Дејвид Линч.
  • "Дали е среќен човекот што е висок?" Is the Man Who Is Tall Happy? - документарен филм на режисерот Мишел Гондри од 2013 година.
  • "Човекот-птица" Birdman - филм на режисерот Алехандро Гонзалес Ињариту од 2014 година.
  • "Најбараниот човек" A most wanted man - филм на режисерот Антон Корбијн од 2014 година.
                                               

Список на епизоди од "Македонски народни приказни" (нов серијал)

Ова е список на епизоди од серијалот "Македонски народни приказни" снимен во периодот од 2010 до 2016 година, во продукција на МРТ. Епизодите се претставени редоследно според годината на снимање: Првата приказна од новиот серијал во продукција на МРТ е "Грнчар", чие сценарио е на Шенка Колозова, а режија на Миле Грозданоски.

Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →