Back

ⓘ Вариска култура. За несродниот народ видете народ Вари. Вариската култура била култура која се развила пред Инките во регионот на Андите, поточно во јужниот дел ..



Вариска култура
                                     

ⓘ Вариска култура

За несродниот народ видете народ Вари.

Вариската култура била култура која се развила пред Инките во регионот на Андите, поточно во јужниот дел од брегот на Перу во периодот од 500 до 900 година. Главниот град на оваа култура бил Вари и се наоѓал на околу 25 км североисточно од денешниот град Ајакучо во Перу. Овој град бил центар на цивилизацијата која покривала голем дел од висорамнините и брегот на Перу. Подоцна, државата се проширила и го зазела градот Пачакамак, иако се верува дека имал одредена автономија. Исто така, во склоп на Вариската култура или држава влегле и Моче културата, а подоцна и Чиму културата. Најдобрите археолошки остатоци од Вариската култура постојат во градот Квинуа познати како Вариски остатоци. Исто така познати се остатоците и во близина на градовите Чиклајо и Пикилакта.

Се верува дека Варите го измислиле терасното земјоделство, начин на одгледување кое подоцна го усовршиле и Инките. Мајчиниот јазик на Варите се верува дека бил кечуанскиот јазик, но со споредбено и историско проучување на андските јазици се довело до верување дека мајчиниот јазик бил форма на ајмарскиот јазик. Вариската култура почнала за исчезнува во 800 година, а во 900 година и градот Вари исчезнал.

                                     

1. Користена литература

  • Collier, Simon et al. Ed. 1992. The Cambridge Encyclopedia of Latin America and the Caribbean изд. Second. Cambridge University Press. ISBN 0-521-41322-2. CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори link
Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →