Back

ⓘ Италијански јазик. Италијанскиот јазик кој припаѓа на романската јазична група го зборуваат околу 70 милиони луѓе, од кои најголемиот број живее во Италија, Сан ..



                                               

Монте Визо

Монте Визо или Монвизо е највисоката планина на котиските Алпи. Сместено е во Италија близу до границата со Франција. Монте Визо е добро познат по својата форма како пирамида и затоа што е повисок од сите соседни врвови за околу 500 м, може да се види од голема оддалеченост, вклучително и од платото Пиемонт, Ланге, Теодулпас во скијачката област Зермат и врвовите на масивот Мон Блан. На многу јасен ден, може да се види од спиралите на Миланската катедрала. Се претпоставува дека Монте Висо можно да биде една од планините што го инспирирало логото на Парамаунт. Во Италија е исто така познат ...

                                               

Затворен семеен круг (филм)

"Затворен семеен круг" - италијански филм од 1974 година, во режија на Лукино Висконти по сценариото на Енрико Медиоли и Сусо Чеки ДАмико. Главните улоги ги толкуваат: Берт Ланкастер, Клаудија Кардинале, Силвана Мањано и Хелмут Бергер. Насловот на филмот се однесува на неформалните групни портрети, особено на оние сликани во Британија на почетокот од 18 век. Филмот ги истражува темите како што се: сударот меѓу старото и новото, неизбежноста на смртта, егзистенцијалната криза и генерацискиот јаз. Филмот бил добитник на наградата "Nastro dArgento" на Италијанскиот национален синдикат на филм ...

Италијански јазик
                                     

ⓘ Италијански јазик

Италијанскиот јазик кој припаѓа на романската јазична група го зборуваат околу 70 милиони луѓе, од кои најголемиот број живее во Италија, Сан Марино и јужна Швајцарија. Стандардниот италијански јазик е заснован на фирентинскиот дијалект и е нешто како среден јазик помеѓу јазиците на јужна Италија и галско-романските јазици на северот. Стариот тоскански стандарден јазик, во последните неколку децении, попримил влијанија од италијанскиот говор од Милано, економскиот центар на Италија. Италијанскиот е службен јазик во Италија и Сан Марино, као и во Швајцарските кантони Тичино и Гриџони. Италијанскиот заедно со латинскиот е втор службен јазик во Ватикан, заедно со словенечкиот е службен и во словенечките приморски општини Копер, Изола и Пиран, а исто така заедно со хрватскиот се користи и во Истра каде што живее италијанско малцинство. Мошне е раширен и меѓу потомците на иселениците во Луксембург, САД и Австралија. Исто така доста се употребува и на Малта, каде што бил еден од службените јазици а до 1934 година кога бил заменет со англискиот јазик. По малку се зборува и во бившите африкански колонии на Италија, како што се Сомалија, Либија и Еритреја.

Согласно податоците од 2000 година од истражувањето Italiano 2000 кое било промовирано од страна на Министерството за Надворешни работи на Италија и водено од јазичарот Тулио Де Мауро од Универзитетот" Ла Сапиенца” од Рим, италијанскиот јазик е петти по ред во светот кој се изучува во училиштата.

                                     

1. Италијанска азбука

Италијанскиот има двојни или долги согласки, како латинскиот но не и како повеќето јазици од романската јазична група, на пр. францускиот и шпанскиот. Има 26 букви, но и покрај тоа користи 21 бидејќи буквите k, j, w, x, y постојат само во зборови од странско потекло, во дијалектите "jella", топонимите Jesi, во некои презимиња како Lo Jacono или како графички варијанти во пишувањето на пример кај Лујџи Пирандело се среќава gio j a наместо gio i a.

                                     

2. Јазични влијанија

Лексичкиот фонд на италијанскиот јазик како дел од групата на романски јазици се состои во најголем дел од лексеми кои настанале по пат на еволуција на народниот говорен латински јазик, иако не можат да се изостават ни таканаречените учени зборови итал. voci dotte кои во италијанскиот јазик се воведени со директно преземање од класичниот латински јазик. Меѓутоа, бидејќи ниту еден јазик не може да остане изолиран од други јазични влијанија, така и италијанскиот примал зборови од многу други јазици кои се јавуваат како супстрати или суперстрати. Процентуално, нешто помалку од 70% од италијанските зборови има латинско потекло 66.8%, додека околу 10.9% се со грчко потекло а потоа следуваат и другите влијанија.

                                     

2.1. Јазични влијанија Латинизми

Сѐ до потполната афирмација на националните јазици, латинскиот опстојува како јазик на религијата, филозофијата, правото, медицината и другите науки, како и јазик на европската култура општо гледано. Тоа постојано присуство на латинскиот како јазик на учените класи не можел да остане без последици за романските јазици, особено кога националните јазици почнуваат да се употребуваат во книжевниот и научниот говор. Приливот на латински зборови во италијанскиот јазик никогаш и не престанал, уште од неговата прва административна и формална употреба и од првите обиди за негова уметничка употреба, па сѐ до ден денешен. Интересна е појавата кога во изведувањето на зборовите деривација на зборови, италијанскиот јазик претежно употребува латинизми. На тој начин многу зборови од непрекинатата народна традиција добиваат деривати во кои се открива латинската учена основа со минимални адаптации:

Некои од изведените зборови се прават и од латинските основи кои не дале никакви рефлекси во италијанскиот јазик:

Хуманизмот мошне придонел да дојде до директно преземање на многу зборови од класичниот латински јазик. Фонолошката и морфолошката структура на фирентинскиот, која не се издвоила премногу од латинската, го олеснила тој прием, така што не се осетил некој огромен контраст меѓу двата јазика. Во италијанскиот јазик има и латински зборови кои не претрпеле никаква промена. Во правниот јазик на пример се среќаваат зборовите и изразите: iter, referendum, deficit, alibi, placet, status quo. Од другите сфери: humus интернациона ознака за терен богат со органски материи, raptus напад на бес кај психотични лица, medium лице која поседува паранормални способности, specimen примерок во издаваштвото, habitat комплекс од амбиентални услови во кои живеат животни и растенија. Некои се во уште поширока употреба: virus и придавката која е изведена virale, la benzina super, gli ultra екстремни навивачи на некоја екипа, auditorium, ultimatum, referendum, quorum, linoleum за индустрискиот производ кој се состои од латинските зборови LINUM и OLEUM, а особено се застапени суфиксот EX il mio ex ragazzo и суфиксоидот SUPER од la benzina super до други кованици, duplex телефонски двојник, video, audio, computer, missile, и изведените зборови egoismo, egoista, egocentrico. Покрај тоа, постојат и морфолошки латинизми, како што се облиците на компаративот: maggiore, minore, migliore, peggiore, posteriore, ulteriore, како и апсолутните суперлативи кои завршуваат на - errimo: integerrimo, acerrimo. Понекојпат латинизмот не е препознатлив по формата, туку по значењето, и во тој случај зборуваме за семантички латинизам. Таков е случајот со зборот cattivo лат. CAPTIVUS кога се појавува во своето изворно, латинско значење како затвореник: cattività babilonese del popolo ebraico ; cattività avignonese dei papi.



                                     

2.2. Јазични влијанија Христијански латински

Христијанското учење донесува бројни иновации не само во италијанскиот јазик, туку и во сите романски јазици. Така на пример, во италијанскиот јазик ги среќаваме следниве зборови кои се директно преземени од хебрејскиот јазик, без грчко посредство: AMEN амин, токму така, ALLELUIA пофалба на Бога, PASCHA > Pasqua Велигден, SCIABBATH > SABBATUM > sabato сабота свет ден за одмор кај Евреите, покрај многубројните библиски имиња кои се рашириле меѓу христијаните, а кои во италијанизирана форма гласат: Giuseppe, Giovanni, Maria, Anna, Giacomo, Raffaele, Elisabetta, Pasquale, Gioacchino. Друга група е составена од зборови од грчки јазик, кои се најчесто преводи од еврејски на некои технички и доктринарни христијански термини во латинска фонолошка адаптација: CHRISTUS > Cristo, EUCHARISTIA > eucaristia, BAPTIZARE > battezzare, BAPTISMUS > battesimo, MARTYR > martire, APOSTOLUS > apostolo, PROPHETA > profeta, DIACONUS > diacono, EPIPHANIA > Epifania но исто и Befana, CHRISMA > crisma. Покрај наведените зборови кои во италијанскиот јазик навлегле како учени зборови, некои имаат и свои народски адаптации: ECCLESIA > chiesa црква, EVANGELIUM > Vangelo евангелие, PRESBYTER > prete отец, свештеник. Третата група зборови ја сочинуваат латинските калкови со кои се заменуваат грчките зборови: MISSA > messa миса, IUSTIFICARE > giustificare оправдува, TRINITAS > trinità тројство, DIES DOMINICA > domenica недела, ден посветен на Бога.

                                     

3. Зборови од латинскиот супстрат

Антички грцизми

Античките грцизми се предхристијански грцизми кои се прифатени и хронолошки адаптирани во латинскиот јазик. Голем број од тие латински грцизми ги прифатил и италијанскиот јазик:

                                     

3.1. Зборови од латинскиот супстрат Неиндоевропски супстрат

Во италијанскиот јазик влегле некои зборови од таканаречените медитерански јазици:

Од етрурскиот јазик, кој е исто така неиндоевропски, земени се преку латинскиот јазик следните зборови: persona во етрурскиот тоа значело маска, popolo народ, taverna, transenna, cisterna, па дури и зборот satellite satelliti биле телесна стража на етрурскиот крал Тарквиниј. И латинскиот збор TUNICA, збор кој потекнува од феникијскиот, еден од семитските јазици, исто така во латинскиот влегол од етрурскиот. Во 9 век овој збор влегува во црковниот јазик како ознака за литургиска облека.

                                     

3.2. Зборови од латинскиот супстрат Италски супстрат

Во италијанскиот јазик пренесена е и појавата наречена бетацизам, со која се означува промената на буквата B во F, карактеристична за некои дијалетски варијанти на латинскиот, како остаток од оскискиот супстрат иако бетацизмот бил не само оскиска појава туку карактеристика на сите италски јазици. Бетацизмот е видлив во следните примери: TUBER > TUFER > it. truffa измама, TERRAE TUFER > tartufo тартуф, вид на печурка; BUBALUS > bufalo. Од јазикот на Оските и Умбрите во италијанскиот, преку латинскиот јазик, навлегле и имињата на некои животни: lupo, bufalo, bue, scrofa, а од италско потекло се и имињата на некои растенија elce.

                                     

3.3. Зборови од латинскиот супстрат Грцизми

Во италијанскиот јазик грцизмите, од хронолошка гледна точка, можат да се поделат во пет групи:

  • антички грцизми;
  • јужноиталијански и византиски грцизми;
  • христијански грцизми;
  • народнолатински грцизми;
  • современи грцизми.
                                     

3.4. Зборови од латинскиот супстрат Антички грцизми

Античките грцизми се предхристијански грцизми кои се прифатени и хронолошки адаптирани во латинскиот јазик. Голем број од тие латински грцизми ги прифатил и италијанскиот јазик:

                                     

3.5. Зборови од латинскиот супстрат Христијански грцизми

Христијанството воведува во латинскиот јазик многу грчки зборови поврзани со оваа религија и учење. Италијанскиот јазик пак, од своја страна, попримил многу латински грцизми, и тоа со соодветна фонолошка адаптација:

                                     

3.6. Зборови од латинскиот супстрат Народнолатински грцизми

Кога привилегираните и образовани класи во Стариот Рим почнуваат да стекнуваат национална и јазична свест, доаѓа и до постепено отстранување на грцизмите во класичниот латински јазик. Избегнувањето на грцизмите е во склад со создавањето на нова, автохтона култура која не сака да биде во сервилен однос наспроти грчкиот свет. Поради тоа многу грцизми во класичната писмена пракса се мошне ретки, но сепак се задржале во говорот и постанале дел од традицијата на романските народи:

                                     

3.7. Зборови од латинскиот супстрат Јужнолатински и византски грцизми

Посебна група сочинуваат јужноиталијанските грцизми кои настанале на територијата која е позната како MAGNA GRAECIA, од кои некои влегле во италијанскиот јазик, како на пример: THÊIOS, THÉIA божји, лице кое треба да се почитува > THÍUS, THIA > zio, zia ; кл.грчки KÓLPOS залив, визант. KOLPHOS > лат. CŬLFUS > итал. golfo. И Византија имала големо влијание врз речникот на италијанските говори, благодарение на териториите во Апулија, Калабрија, Сицилија и во Романија, а исто така поради силните трговски врски со Венеција и Џенова. Така во италијанскиот јазик влегуваат зборови од средновековниот грчки јазик, за производите со кои во тоа време се тргувало: tegame тава, anguria лубеница, basilico босилек, како и многу други зборови поврзани со морепловството: fanale фенер, светилник, gondola гондола, чамец карактеристичен за Венеција, molo брег, пристаниште.

                                     

3.8. Зборови од латинскиот супстрат Модерни грцизми

Во италијанскиот јазик, како впрочем и во речиси сите европски јазици, се среќаваат многу грцизми, без кои не е можно да се замисли речникот на современите јазици: idea, tema, problema, fantasia, crisi, tesi, economia, tecnica, ginnastica, fotografia, aereo, до имињата на средствата за масовна комуникација: radio, cinema, telegrafo, telefono, televisione и најновите термини како што се: discoteca, macrobiotica, stereofonia итн. Особена продуктивност доживеале грчките префиксоиди и суфиксоиди, меѓу кои се спомнуваат:

                                     

4. Библиографија

  • Berloco, Fabrizio 2018. The Big Book of Italian Verbs: 900 Fully Conjugated Verbs in All Tenses. With IPA Transcription, 2nd Edition. Lengu. ISBN 9788894034813.
  • Lanuzza Stefano, Storia della language italiana, Tascabili Economici Newton, Roma, 1994
  • Terić Gordana, Istorija italijanskog jezika, FILOLOŠKI FAKULTET, Beograd, 1995
  • Simone, Raffaele 2010. Enciclopedia dellitaliano. Treccani.
  • Palermo, Massimo 2015. Linguistica italiana. Il Mulino. ISBN 9788815258847.
                                     

5. Поврзано

  • Правопис на италијанскиот јазик
  • Италијанска азбука
  • Граматика на италијанскиот јазик
  • МФА табела за италијански јазик
  • Македонска транскрипција на италијанскиот јазик
  • Фонологија на италијанскиот јазик
                                     

6. Надворешни врски

  • ITALIAN: a language of Italy, од Ethnologue
  • Сајт на Национален Комитет за Заштита на Јазиците и Културите, кој се бори за заштита на италијанскиот јазик и другите јазици во рамките на Европската Унија
  • Википедија на италијански јазик
  • Сајт на Академија Дела Круска Accademia della Crusca
                                     

7. Речници

Македонски

  • Италијанско-македонски он-лајн речник на Он.нет! заедно со други јазици македонски

Странски

  • Речник со правопис и изговор на РАИ со можност за слушање на бараните зборови
  • Речник на италијански јазик Трекани, он-лајн верзија
  • Листа со преку 1800 зборови од странско потекло кои се употребуваат во италијанскиот јазик со италијански алтернативи
  • Универзален речник
  • Речник De Mauro – Paravia он-лајн
  • Речник на италијанскиот јазик со етимологија
  • Речници на издавачката куќа Гарѕанти
Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →