Back

ⓘ Бугарски јазик. Оваа статија е за модерниот словенски јазик. За туркискиот јазик видете прабугарски јазик. Бугарскиот јазик спаѓа во источната група на јужносло ..



Бугарски јазик
                                     

ⓘ Бугарски јазик

Оваа статија е за модерниот словенски јазик. За туркискиот јазик видете прабугарски јазик.

Бугарскиот јазик спаѓа во источната група на јужнословенските јазици и е службениот јазик во Република Бугарија.

                                     

1. Особености

Бугарскиот јазик покажува неколку јазични иновации кои го одделуваат од другите словенски јазици - елиминација на падежни форми, појава на постпозитивен член, зачувување и понатамошно развивање на прасловенскиот глаголски систем и др. Овие особености ги дели со македонскиот јазик.

Бугарскиот јазик е дел од балканскиот јазичарички сојуз, кој го вклучува македонскиот, грчкиот, романскиот и албанскиот јазик, и некои источни српски дијалекти. Повеќето од овие јазици ги споделуваат карактеристиките споменати погоре и многу други.

                                     

2. Историја

Бугарскиот јазик има пет главни периоди:

  • дописмен прасловенски - меѓу словенската инвазија 6 - 7 век на Балканот и мисијата на светците Кирил и Методиј во Велика Моравија во втората половина на 9 век.
  • ран или старословенски период, 9 - 11 век. Во бугарската лингвистика старословенскиот е познат уште и како старобугарски. Во македонската лингвистика, наспроти предлозите на неколку еминентни јазичари, терминот старомакедонски не е усвоен, туку се употребува меѓународно прифатеното име старословенски јазик.
За почеток на старословенскиот јазик се смета создавањето на првата словенска азбука глаголица во 862/863 година од Константин-Кирил Философ св. Кирил и првиот превод на Библијата на јазикот на словенските племиња од околината на Солун.
  • среден период 12 – 14 век. Во бугарската лингвистика познат како среднобугарски, кога Преславската рецензија била издигната на ниво на службен јазик на територијата на Второто Бугарско Царство.
Во овој период старословенскиот јазик на Првото Бугарско Царство претрпел големи промени - елиминација на прасловенските падежни форми но зачувување на глаголскиот систем и појава на постпозитивен член развитокот во другите словенски јазици бил обратен. Така бугарскиот јазик почнал да се издвојува од старословенската основа и развил неколку значајни рецензии како Преславската рецензија.
  • доцен период 14 - XIX век. Во бугарската лингвистика припаѓа на новобугарскиот јазичен период.
Во овој период Бугарите, како и другите јужнословенски народи, потпаднале под отоманско ропство и старословенскиот јазик се задржал само како јазик за црковна употреба.
  • новобугарски - кон крајот на XVIII век, но најголемите промени настанале во средината на XIX век. За значаен датум се смета 1863 година кога за првпат Библијата е во целост отпечатена на новиот бугарски јазик, заснован на североисточните говори од околината на Велико Трново. Новобугарскиот јазик позајмил голем дел зборови од рускиот и црковнословенскиот, а многу од турските зборови били отстранети.

Историскиот развој на бугарскиот јазик може да се опише како премин од високо синтетички јазик старословенскиот кон типично аналитички јазик новобугарскиот, со средна точка во овој процес претставена преку среднобугарскиот.

                                     

3. Азбука

Во 886 година Бугарија ја примила глаголицата, којашто била создадена од византиските мисионери Свети Кирил и Методиј нешто по 860 година. Во идните векови глаголицата постепено била заменета со кирилицата, која била создадена во Преславската книжевна школа во почетокот на 10 век. За нејзин создавач се смета Климент Охридски.

Повеќето од буквите во кирилската азбука се земени од грчката; оние гласови што немале грчки еквиваленти, се претставени со опростени глаголски букви. Под влијание на печатените книги од Русија, руското граѓанско писмо на Петар I го заменило старословенското среднобугарско писмо на крајот од XVIII век. Неколку кирилски азбуки со од 28 до 44 букви биле користени во почетокот и до средината на 19 век за време на обидите за стандардизирање на новобугарскиот книжевен јазик. Азбуката со 32 букви предложена од Марин Дринов била прифатена во 1878 - 1879. Сегашната бугарска азбука има 30 букви:

                                     

4. Туѓи влијанија

Влијание од рускиот јазик

Во епохата на бугарската национална преродба бугарски,Възраждането" и создавањето на Третата бугарска држава, бугарскиот јазик потпаѓа под силно руско влијание. Дел од руската лексика којашто навлегува во овој период има црковнословенски корени и е "вратена" во новиот бугарски литературен јазик како старобугарска и црковнословенска. Сепак, паралелно со неа навлегуваат и огромен број зборови со чисто руски корени.

                                     

5. Примери

  • Лека нощ! - Добра ноќ!
  • Чао! неофицијално - Чао!, Пријатно!
  • Здравей/Здрасти/Привет! - Здраво!
  • Колко е часът? - Колку е часот?
  • Весела Коледа! - Среќен Божик!
  • Честит рожден ден! - Среќен роденден!
  • Как си? неофицијално - Како си?
  • Как сте? официјално, и уште како множинска форма - Како сте?
  • Какво правите? официјално, или множинска форма - Што правите? Како сте?
  • Мерси неофицијално, од француски - Фала
  • Как се казваш? неофицијално - Како се викаш?
  • Добър ден! - Добар ден!
  • Добър вечер! - Добра вечер!
  • Какво правиш? неофицијално - Што правиш? Како си?
  • Довиждане! - Довидување!
  • Говорите ли.? - Дали зборувате.?
  • На колко години си? неофицијално - Колку години имаш?
  • Поздравления!/Поздрави! - Поздрав!
  • Добро утро! - Добро утро!
  • Извинявай!/Извини! неофицијално - Извини!
  • Съжалявам! - Жал ми е!
  • Добре съм - Добар/добра сум
  • Благодаря официјално и неофицијално - Благодарам
  • Моля - Молам
  • Всичко най-добро!/Всичко най-хубаво! - Сѐ најдобро!
  • Извинете! официјално - Извинете!
.английски - англиски.български - бугарски.македонски - македонски.сръбски - српски.гръцки - грчки.френски - француски.немски - германски.италиански - италијански.испански - шпански
  • Ще се видим скоро - Ќе се видиме наскоро
  • Бира/Пиво - пиво
  • Може би - Можеби
  • Не - Не
  • Ще ти се обадя - Ќе ти се јавам
  • Да - Да
  • Ще се видим утре - Ќе се видиме утре

Степенуване на прилагателни: / Степенување на придавки:

  • Моята книга е по-интересна от твоята / Мојата книга е по интересна од твојата.
  • Моята книга е интересна / Мојата книга е интересна.
  • Моята книга е най-интересна / Мојата книга е нај интересна.

Числителни: / Броеви:



                                     

6. Поврзано

  • Македонска транскрипција на бугарскиот јазик
  • Фонологија на бугарскиот јазик
  • Граматика на бугарскиот јазик
  • Бугарска азбука
  • Романизација на бугарскиот јазик
  • Бугарска книжевност
Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →