Back

ⓘ Албански јазик - јазик што го говорат приближно околу 6 милиони луѓе, првенствено во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Македонија, но исто така и во некои др ..



Албански јазик
                                     

ⓘ Албански јазик

Албански јазик - јазик што го говорат приближно околу 6 милиони луѓе, првенствено во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Македонија, но исто така и во некои други балкански држави, како и од емигрантски групи во Калабрија, Италија. Јазикот е еден, посебен огранок на Индоевропското јазично семејство. Во минатото за овој јазик во македонската терминологија се користел терминот арнаутски јазик. Во речниците на Ѓорѓија Пулевски, јазикот се нарекува арбански.

Денешниот албански јазик како стандардна форма го има дијалектот на Тоските, наспроти дијалектот на Гегите кој и покрај стандардизацијата сѐ уште масовно го користат во Косово и делови од Македонија. Впрочем, сѐ уште постои несогласување околу стандардизацијата на албанскиот јазик, а некои бараат повторна стандардизација во која би биле вклучени повеќе елементи од гегскиот дијалект. Постои и залагање во Косово да се земе како стандардна форма гегскиот дијалект со што албанскиот јазик би станал еден јазик со два официјални дијалекти. Инаку, лексичкиот фонд е главно латински, италијански, романски, грчки, македонски, српски и турски.

                                     

1. Дијалекти

Постојат два диференцијални дијалекти на албанскиот: тоскански дијалект и гегски дијалект. Спорот со дијалектите и нивниот службен стгатус и денес не е разрешен во албанската научна и општествена јавност. Имено, денес службено и официјално се тврди дека албанскиот јазик е синтеза на двата дијалекти, што е насилно наметната теза од Енвер Хоџа и неговата политика. Денешниот албански јазик се заснова на тосканскиот дијалект и не е прифатливо за населението што користат гегски дијалект. Гегите и денес пишуваат и творат на гегски дијалект, но поради тоа и денес се прогонувани и казнувани таквите активисти. Поради тоа едонство за албанскиот јазик речиси и не постои, раздорот е голем. Во 1965 година од печат излезе книгата "Предавство" напишана на гегски дијалект и албанците од северна Албанија побараа таа верзија на албанскиот јазик и тој дијалект да бидат официјализирани и албанскиот јазик да се заснова на тој дијалект.

Разликите помеѓу двата дијалекти со огромни, дури и поголеми отколку некои словенски јазици како на пример словенечки јазик и српски јазик. Од вкупното албанско население на Балканот, околу две третини или мнозинство од албанците зборуваат на гегски дијалект. Тој дијалект е лексички побогат, почист и има поголеми изразни можности благодарејќи на влијанието на соседните македонски јазик и српски јазик.

                                     

2. Граматика

Именки

Член

Членот во албанскиот јазик е постпозитивен, односно се става на крајот од именката, исто како во македонскиот јазик. Албанскиот има само определен член и се користат следниве наставки:

  • -u за именки од машки род кои завршуваат на k, g и h, за сите други -i.
mal - mali планина - планината, ujk - ujku волк - волкот
  • -а или -ja за именки од женски род. Ако именката завршува на o или e, тогаш се користи членот -ja.
verture - vetura автомобил - автомобилот, pallto - palltoja палто - палтото
  • за именките од среден род малку на број се користи членот -t.

За разлика од македонскиот, албанскиот има само еден член и членот се користи и за лични имиња и топоними Shkup - Shkupi, итн.

Манастир Арденица
                                               

Манастир Арденица

Манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Арденица или само манастир Арденица е православен манастир, кој се наоѓа на 18 километри јужно од Лушње, Албанија, покрај патот што ги поврзува Лушње и Фиер. Манастирот бил изграден од византискиот цар, Андроник II Палеолог во 1282 по победата против Анжујците во опсадата на Берат. Во манастирот во 1451 бил венчан Скендербег со Андроника Аријанити.

Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →