Back

ⓘ Езотерична космологија е космологија која е суштински дел од езотеричниот или окултниот систем на размислување. Речиси секогаш се занимава со овие теми: еманаци ..



Езотерична космологија
                                     

ⓘ Езотерична космологија

Езотерична космологија е космологија која е суштински дел од езотеричниот или окултниот систем на размислување. Речиси секогаш се занимава со овие теми: еманација, инволуција, еволуција, епигенеза, нивоа на постоење или повисоки светови, хиерархија на духовните суштества, космички циклуси, јога или духовни техники за самоподобрување, и мистични и алтернативни состојби на свеста.

Езотеричната космологија покрива многу од темите со кои се занимаваат религиозната космологија и филозофската космологија, како на пример почетокот, целта и судбината на универзумот, на свесноста и на постоењето. Поради тоа, понекогаш е тешко да се одреди каде завршува религијата или филозофијата, а започнува езотеријата и окултизмот. Сепак, езотеричната космологија се разликува од религијата во својата пософистицирана градба на мислата, која е интелектуално сфаќање, а не верба, а од филозофијата според истакнувањето на техниките за духовна трансформација.

Примери на езотеричната космологија може да се најдат во следните правци: гностицизам, неоплатонизам, тантра, Кабала, суфизам, јога, теозофија, антропозофија, космичката традиција на Макс Теон, учењето на Шри Ауробиндо, Мехер Баба, Четвртиот пат на Гурдјеф и Успенски, во неопаганизмот и многу други њу ејџ учења.

Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →