Back

ⓘ Демократска обнова на Македонија е македонска политичка партија на зелената опција. ДОМ била основана на 26 ноември 2005 година, а своето основачко собрание го ..



Демократска обнова на Македонија
                                     

ⓘ Демократска обнова на Македонија

Демократска обнова на Македонија е македонска политичка партија на зелената опција. ДОМ била основана на 26 ноември 2005 година, а своето основачко собрание го одржа во Скопје на 28 јануари 2006 година. Тогаш за претседател на партијата беше избрана Лилјана Поповска, која, по своето повлекување од Либерално демократската партија, беше главниот иницијатор на ДОМ. ДОМ по само неколку месеци од своето формирање учествуваше на Парламентарните избори во 2006 и на нив успеа да добие едно парламентарно место, пратеник стана претседателката на ДОМ Лилјана Поповска. На овие парламентарни избори ДОМ освои околу 20 000 гласови на национално ниво. ДОМ како парламентарна партија влезе во владината коалиција, која ја предводеше ВМРО ДПМНЕ, со заменик министер за животна средина и просторно планирање. Во периодот помеѓу 2006 и 2008, ДОМ имаше нагласена активност во промоцијата на туризмот,културата, науката,образованието итн. Од програмските определби на ДОМ: одржлив економски развој, заштита на животната средина, заштита на културниот и националниот идентитет и почитувањето на истиот на другите еднички групи, силна меѓународна соработка и политика на ненасилство и толеранција, јасно произлезе дека по својата суштина ДОМ е партија на Зелените. Тоа официјално било прогласено со Зелениот манифест на ДОМ од 2008. ДОМ силно се залага за правата на жената, обновливи извори на енергија, туризам, наука, заштина на животна средина, еко-земјоделство, демократија, почитување на човековите права, зелени работни места. еднакви можности за сите, против дискиминацијата во општеството итн.

Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →