Back

ⓘ Географија на Маршалските Острови. Географијата на Маршалските Острови ги опфаќа релјефните и географски карактеристики на оваа островска држава. Маршалските Ос ..



Географија на Маршалските Острови
                                     

ⓘ Географија на Маршалските Острови

Географијата на Маршалските Острови ги опфаќа релјефните и географски карактеристики на оваа островска држава. Маршалските Острови се островска држава во Океанија, поточно во Тихиот Океан. Државата е составена од две островски групи, Ралички Острови и Ратачки Острови. Маршалските Острови имаат 29 атоли и 5 острови. Државата нема копнена граница, но по морските граници ги дели со Микронезија и Кирибати. Главен град на државата е Маџуро, а службени јазици се маршалски и англиски јазик.

                                     

1. Општи податоци

Местоположба: Океанија, поточно северниот дел на Тихи Океан. Соседни држави на Маршалските Острови се Микронезија и Кирибати. Географските координати на државата се 9°00′N 168°00′E.

Површина Вкупната површина на државата е 181.3 км 2. Државата нема значителна водна површина. Маршалските Острови немаат копнени граници.

Брег: Вкупната должина на брегот на Маршалските Острови е 370.4 км.

Морски територии: зона: 24 nm ексклузивна економка зона: 200 nm територијални води: 12 nm

Клима: Климата на Маршалските Острови е тропска. Влажната сезона е од мај до ноември, додека останатите месеци се суви. Државата е во близина на тајфунскиот појас.

Релјеф: Државата е многу ниска во поглед на надморската висичина. Како резултат на глобалното затоплување има опасност од поплавување на островите поради нивната мала надморска височина. најниската точна во државата е Тихиот Океан, додека највисоката точка е во Ликиеп и има 10 метри надморска височина.

Природни ресурси: Државата располага со резерви на фосфат, морски плодови, морски минерали и сл.

Употреба на земјиштето: обработливо земјиште: 0% постојани насади: 60% постојани пасишта: 0% шуми: 0% друго: 40%

                                     

2. Крајни точни

Крајните точки на државата се:

  • источна точка – Нокс, Ратачки Острови
  • северна точна – Бокак, Ратачки Острови*
  • јужна точка – Ебон, Ралички Острови
  • западна точка - Уџеланг, Ралички Острови
Белешка: Маршалските Острови тврдат дека островот Вејк е под нивна контрола, а моментално е под американска контрола. Ако Вејк е под Маршалските Острови, тогаш тој е најсеверна точка.
                                     

3. Надворешни врски

  • "Светска книга на факти" на ЦИА - запис за "Маршалски Острови" англиски
  • Географија на Маршалските Острови - Проект "Отворен директориум" англиски
  • Маршалски Острови на UCB
Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →