Back

ⓘ Географија на Кирибати. Географијата на Кирибати ги опфаќа географските, релјефните и демографските карактеристики на земјата. Кирибати е островска државата сос ..



Географија на Кирибати
                                     

ⓘ Географија на Кирибати

Географијата на Кирибати ги опфаќа географските, релјефните и демографските карактеристики на земјата. Кирибати е островска државата составена од 32 атоли и 1 остров. Државата се наоѓа во Тихиот Океан и низ неа поминува екваторот. Атолите во државата ги сочинуваат трите островски групи: Линиски Острови, Гилбертови Острови и Острови Феникс. Банаба е единствен остров во државата, кој е богат со фосфат и е еден од трите фосфатни острови во Океанија. Од поглед на часовните појаси, Кирибати е најисточна држава во светот. Главен град во државата е Јужна Тарава, а службени јазици кирибатски и англиски. Кирибати има вкупна површина од 726 километри квадратни и население од 105.432 според проценките за 2005 година.

                                     

1. Податоци

Местоположба Кирибати се наоѓа во Океанија и е составена од три островски групи: Линиски Острови, Гилбертови Острови и Острови Феникс. Низ државата поминува екваторот. Кирибати е најисточната држава во поглед на часовните појаси. Државата нема копнени граници, но по морски пат се граничи со Науру и Микронезија на запад, со Тувалу, Токелау, Кукови Острови и Француска Полинезија на југ и со Француска Полинезија на југоисток. На исток и север се граничи со меѓународни води. Географските координати на земјата се 1°25′N 173°00′E. Површина
  • вода: нема
  • вупно: 771 km 2 298 ми
  • копно: 771 км 2
Белешка: Во вкупната површина се опфатени сите три островски групи. Морски територии
  • ексклузивна економска зона: 370 km
  • територијални води: 22 km
Копнени граници нема Брег 1.143 kм 3.750.000 ст Клима тропска клима со топли и суви периоди. Релјеф Повеќето од островите се рамни и опколени со корални гребени. Надморска височина
  • најниска точка: Тихи Океан 0 m
  • највисока точка: Банаба 81 м 266 ст
Природни ресурси фосфат Употреба на земјиште
  • постојани насади: 51%
  • постојани пасишта: 0%
  • обработливо: 0%
  • друго: 46% проц. за 1993
  • шуми: 3%
Природни непогоди во државата се појавуваат тајфуни, обично од ноември до март. Поради малата надморска височина на островите, државата може да биде потопена.
                                     

2. Крајни точни

Крајните точки на Кирибатите се:

  • јужна точка – Флинтски Остров, Линиски Острови
  • западна точка - Банаба
  • источна точка – Каролински Остров, Линиски Острови
  • северна точка – Тераина, Линиски Острови
                                     

3. Демографија

Најголемата етничка група на Кирибати се кирибаќаните. Тие се микронезиски народ. Околу 14 век, Фиџици и Тонганци се населиле на Кирибати и со тоа се измешала етничката структура на населението.

Народот во Кирибати зборува на кирибатски јазик. Иако англискиот е службен јазик на Кирибати, тој не се користи многу.

Христијанството е најголема религија на Кирибати кое започнало да се шири во 19 век. Повеќето се католици.

Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →