Back

ⓘ Драган Димитровски. Димитровски е роден во Скопје во 1934 година. Дипломирал математика на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1958 година, а докторира ..



                                     

ⓘ Драган Димитровски

Димитровски е роден во Скопје во 1934 година. Дипломирал математика на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1958 година, а докторирал во 1968 година на тема "Прилог кон теоријата на обоп­штените аналитички функции". За асистент на ПМФ бил избран во 1960 година. Доцент станал во 1968 година, вонреден професор од 1973 година, а редовен професор од 1981 година. Бил продекан на Природно-математичкиот факултет од 1974 до 1976 година како и шеф на Институтот за математика од 1993 до 1997 г.

Во својата 43-годишна наставна кариера држел предавања и вежби по 14 предмети, на сите шест институти на ПМФ, за студенти од прва до четврта година. Одржувал настава и по три предмети на постдипломските студии на институтите за биологија и географија. Вовел и нови предмети: математика за биолози, математика за географи, парцијални равенки. Оформил 7 доктори на науки, 6 магистри и околу 200 дипломци - професори по математика и информатика. Организатор е на математички собири и конгреси и долго време ја водел издавачката дејност на Природно-математичкиот факултет, на Институтот за математика и на Друштвото на математичарите и физичарите на Македонија, за кои издал 40 тома публикации. Во областа на науката се занимава со диференцијални равенки и функции од комплексна променлива. Автор е на 120 научни и стручни трудови печатени во земјата и во странство, на 10 книги, од кои 6 оригинални научни монографии. Во македонската математичка средина вовел области како што се ареоларните равенки, обопштените аналитички функции, равенките на Векуа, обопштените тригонометрии, и го форсира современиот метод на итерации како многу надежен во сите видови равенки - алгебарски, диференцијални, парцијални, интегрални. Многу соработува со помлади кадри и интензивно помага во нивното научно усовршување. Во подолг период 1993-1997 ја извршуваше функцијата шеф на Институтот за математика, при што домаќински се грижеше за наставните, материјалните и техничките потреби на Институтот.

Носител е на Орден на трудот со златен венец и на две воени одликувања. Работејќи на сите шест институти на ПМФ, имал влијание врз формирањето на голем број генерации студенти на нашиот Природно-математички факултет.

Free and no ads
no need to download or install

Pino - logical board game which is based on tactics and strategy. In general this is a remix of chess, checkers and corners. The game develops imagination, concentration, teaches how to solve tasks, plan their own actions and of course to think logically. It does not matter how much pieces you have, the main thing is how they are placement!

online intellectual game →